fbpx

Османи- Даниелсон: Процесот на проширување се враќа високо на агендата на ЕУ

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на ЕУ, Кристијан Даниелсон.

На средбата се разговарало за состојбата во областа на европските интеграции на земјава и перспективите околу враќањето на процесот на проширување високо на агендата на ЕУ, по неуспехот за постигнување на консензус на октомвриските состаноци на Советот на ЕУ.

„Радува фактот што постојат бројни иницијативи на земјите-членки за враќање на процесот на европски интеграции повторно високо на агендата на ЕУ. Тука е секако иницијативата на Италија и премиерот Конте, потоа писмото до претседателот на ЕК од страна на 16 земји – потписнички, а секако и документот на Франција со кој се потврдуваат европските перспективи на земјите од Западниот Балкан како полноправни членки на ЕУ. Се надеваме дека ЕУ ќе го искористи претстојниот период за повторно разгледување на можноста за одредување датум за старт на преговорите во текот на хрватското претседателство, без разлика на процесот на реформирање на методологијата за преговори“, истакнал Османи на средбата.

Тој додал дека земјата останува подготвена за старт на преговорите и останува целосно фокусирана на обврските кои произлегуваат од хармонизацијата со европските правила и стандарди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот претседател чекал 40 минути во авионот во Париз поради „безбедносна загриженост““

На израелскиот претседател Исак Херцог и на неговата делегација им било дозволено да излезат од авионот на парискиот аеродром дури откако поминале 40 минути во авионот „поради безбедносна загриженост“,...