fbpx

Османи: Алијансата ја анализира ситуацијата со сајбер заканите, државата е стабилна

-

По добиената официјална информација од македонските власти Алијансата почна со анализа на заканите за поставени бомби во Македонија но и во државите членки од регинот кои се соочуваат со сајбер напади за кои надлежните се уверени дека се хибридна војна, соопшти денес министерот за надворешни реботи Бујар Османи денешниот брифинг со новинарите.

Шефот на дипломатијата, рече дека сепак НАТО нема официјални механизми за директно справување со заканите и откирвање на испраќачите и тоа е задача на МВР чија истрага треба координира со партнерските безбедносни служби со оглед дека мејловите со заакани за поставени бомби доаѓаат од странски ИП адреси,

Османи смета дека безбедносната состојба во државата е стабилна, но и дека ја разбира загриженоста на граѓаните.

„Фактот дека таргет се две или три членки на НАТО е информирана Алијансата. Тоа ми беше индикација. Алијансата ја информиравме не поради потребата НАТО да дојде и да ја спроведе истрагата бидејќи ги нема тие механизми туку поради регионалниот контекст. Ние бевме во комуникација со МВР во смисла како да пристапиме во однос на барање на поддршка и ние на МВР им кажавме дека НАТО не е адресата за конкретно ова прашање, затоа што ова бара полициска истрага со цел да се најдат сторителите“, рече министерот.

Според Османи нема дилема дека станува збор за за хибриден напад а не игра на тинејџери и хакери а за тоа се доказ случувањата во Црна Гора каде наставата повторно е он лајн и во Албанија каде се укредни огромни дата бази со лични податоци кои систематски се објавуваат во јавноста.

Во врска со предупредувањето на германското МНР, германските државјани да бидат претпразливи доколку патуваат во Северна Македонија, Османи рече дека тоа е стандардна процедура со оглед на моменталната ситуација и дека македонското МНР би излегло со истата препораката доколку ситуацијата беше обратна.

Освен во средни и основни училишта, вчера за првпат лажни дојави за бомби стигнаа и во спортската сала Борис Трајковски, Фудбалската федерација на Македонија, во хотелите Мериот и Александар Палас, каде беше одложена годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија, а на која требаше да учествуваат премиерот Димитар Ковачевски, министрите Крешник Бектеши и Фатмир Бесими.

Дојави за бомби испразнија училишта, хотели, трговски центри и скопскиот аеродром

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...