fbpx

Оскаровецот Шон Пен снима документарен филм за руската инвазија на Украина

-

Глумецот и режисер Шон Пен во моментов е во Украина и работи на документарен филм за тековната руска воена инвазија, потврди Кабинетот на украинскиот претседател.

Според постот објавен на Фејсбук профилот на претседателот на Украина, актерот присуствува на прес-конференции и се среќава со претседателот Володимир Зеленски додека Русија ја започнува својата инвазија на источноевропската земја.

Пен дошол во Киев за „да му ја каже вистината на светот за руската инвазија на нашата земја“, се вели во објавата на која е споделена и фотографија од Пен како присуствува на прес-конференција.

„Нашата земја му е благодарна за таквото покажување на храброст и чесност“, објавија од канцеларијата на претседателот во четвртокот.

Режисерот присуствувал и на брифинзи за медиумите, а се сретнал и со вицепремиерката Ирина Верешчук.

Зеленски, кој беше професионален актер пред да ја започне својата политичка кариера, сподели и видео од средбата што ја имаше со Пен во приказна на Инстаграм.

Variety објави дека Пен одлетал во земјата за да го заврши документарниот филм за руската инвазија со Vice Studios. Претставник на Vice Media Group изјави за CNN дека документарниот филм е „продукција на Vice Studios во соработка со VICE World News и Endeavour Content“, но не сакаше да ја потврди вклученоста на Пен во проектот.

Пен помина време во Украина во ноември минатата година, кога се сретна со украинските сили додека се зголемуваа тензиите меѓу земјата и соседна Русија. Во тоа време, на страницата на Фејсбук за операцијата на здружените сили на Украина пишуваше дека Пен работи на документарен филм за конфликтот, објави Business Insider во ноември, иако таа страница на Фејсбук оттогаш стана недостапна.

Оскаровецот со години учествува во многу меѓународни хуманитарни и антивоени акции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...