Српските пратеници Мирослав Алексиќ, Славица Радовановиќ и Срѓан Миливојевиќ, коишто се меѓу организаторите на протестите „Србија против насилство“ утре ќе се координираат со Полициската управа за Белград за да се спречат несакани сцени, јави Н1.
Според телевизијата, тие побарале состанок со началникот на Полициската управа, Веселин Милиќ, за подобра комуникација, координација и превенција на несакани настани на протестот, петти по ред, што е закажан за петок.
Техничките организатори на протестот велат оти сакаат да спречат можност провокатори да го сменат карактерот на ненасилниот протест. Такви случаи имаше на последниот протест.
Протестот „Србија против насилството“ заврши мирно и покрај провокациите
Инаку, овие протести минуваат во знакот на критика на владејачката коалиција и на претседателот Вучиќ, чие име редовно се дочекува со повици „Уа“.
Протести „Србија против насилството“ се одржаа на 8 мај, потоа на 12 мај, на 19 мај, и на 27 мај.