fbpx

Орав: На 19 февруари ќе процениме дали има услови за избори

-

На 19 февруари ќе излеземе со процена дали Македонија ќе биде подготвена за предвремени парламентарни избори на 24 април. Во оваа фаза нема проценка дали ситуацијата ќе се одвива во еден или друг правец. Сè е во рацете на партиите.

Ова денеска го изјави евроамбасадорот Аиво Орав на новинарско прашање на прес-конференција за ИПА-фондовите.

Запрашан дали в петок ќе дојде еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, тој изјави дека денеска не може ништо да потврди.

Тој додаде дека има многу задоцнувања во имплементацијата на Договорот од Пржино.

-Од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на Договорот од Пржино. Па, така сите страни се во право – изјави евроамбасадорот Орав и потсети на областите кои европската комисија ги оценува, односно Државна изборна комисија и избирачкиот список, медиумите и балансираното известување, одвојувањето на државата и партиите.

Орав не сакаше да коментира што ќе се случи доколку изборите се одложат и додаде дека сè е оставено во рацете на политичките партии. Тој рече дека поддршката од меѓународната заедница е тука ако политичките партии го побараат тоа од нив.

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, вели дека прашањето за одложување на изборите е хипотетичко и дека тој не би шпекулирал што би се случило доколу изборите се одложат. Бесими додаде дека негова препорака е да се почитуваат политичките договори и подготовката за фер и демократски избори со што Македонија би се фокусирала на евроатланските интеграции и на економскиот развој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...