fbpx

Општините во исчекување на повеќе пари со ребалансот на буџетот

-

Во време кога се подготвува државниот буџет за 2019 година, општините се во исчекување на владиното ветување за поголем прилив на пари во општинските каси.  Едно од ветувањата на актуелната владина колација е поголема грижа за општините преку засилена децентрализација.

Заменикот-министер за локална самоуправа Дејан Павлевски, кој денеска беше во Штип, рече дека не може да се каже како ќе се крои државиот буџет, но извесно е дека се планирани повеќе пари за општините. Тој додаде дека изминатиот период потрошиле време и енергија на утврдување на долговите и на насобраните камати од претходните општински власти.

– Утврдивме огромни долгови на општините, но дел од нив се вратени од новите градоначалници. Меѓутоа, определба на владата е да им даде шанса на сите општини подеднакво и токму поради тоа се определи да им помогне на општините да ги затворат долговите и со тоа да им излезат во пресрет на граѓаните – изјави Павлевски.

На општините и актуелните градоначалници им тежат обврските за ученичкиот превоз, потоа капиталните проекти, кои делумно можат да ги реализираат. Поради тоа очекуваат и остварување на владините ветувања за поголем прилив од средствата што се уплаќаат на име ДДВ. Павлевски вели дека решавањето на долговите и напластените обврски не им оставило многу простор за ветеното од програмата.

-За жал, во изминатиот период се напластија многу проблеми во општините и во изминатиот период работевме на нивно решавање. Не е можно со волшебно стапче да се решат одеднаш. Можам да најавам дека во четврток ќе организираме траклезна маса, на која ќе се разговара за пренесување на функциите од централната на локална власт -додаде Павлевски кој денеска во Штип беше на поставувањето на камен-темелник на новата детска градинка во наслебата „Сењак“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...