fbpx

Општините од Охридскиот регион сакаат да соработуваат со Планинската спасителна служба

-

Општините Охрид, Дебрца и Вевчани потпишаа Меморандум за соработка со Плананиската спасителна служба при Црвен крст Охрид, со кој ги дефинираа меѓусебните обврски, а со цел за да може службата за спасување да продолжи да функционира и да се развива.

Антонио Додевски проект менаџер на Проектот „Регионот Охридско езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, на средбата потенцираше дека бројот на несреќи кои се случуваат на планина постојано имаат тенденција на пораст, па така ова тело само во оваа година интервенирало во 10 наврати, а минатата година дејствувале шест пати.

„Пред седум години имаше по две до три интервенции. Сега има рапидно зголемување на бројот на несреќите. Во сите региони има несреќи. По вид и природа на несреќите во Дебрца и Струга сме интервенирале при спасување на локално население во зима, а во Охрид на Галичица при спасување на туристи“, информира Додевски.

Заменик-градоначалникот на Охрид, Ристо Николекси, рече дека без оваа спасителна служба не може да се развива авантуристичкиот туризам, но укажа и на важноста при вклучување на оваа служба и во други ситуации.

„Заедно со општина Дебрца ја искористивме спасителната служба за интервенциите во гасење на шумските пожари, едницата ни беше логистичка поддршка“, сподели Николески.

Градоначалниците на Дебрца и Вевчани во своите планови и визии имаат развој на планинарскиот и аванатуристичкиот туризам, а паралелно со тоа ја согледуваат и неопходноста од постоење од еден ваков спасителен центар кој ќе биде во функција за потребите на регионот.

„За општина Дебрца ова е значајно бидејќи ќе ги искористиме сите наши потенцијали за развој на туризмот во таа насока“, рече Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца.

Вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски истакна дека се планира поголем развој на авантуристичкиот туризам на Јабланица, што ја наметнува потребата од тоа да се формира Спасителен центар и на Јабланица бидејќи има убави места за посета и можности за авантуристички туризам.

По потпишување на меморандумот следен чекор е усвојување на декларација, но откако советниците од петте општини од овој регион ќе дадат зелено светло за подршка на Планинската спасителна служба. На денешното потпишување на меморандумот за соработка на регионот за Планинската спасителна служба не беа присутни градоначалниците од Ресен, Ѓоко Стрезоски и од Струга, Рамиз Мерко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...