fbpx

Општината Штип одобри поскапување на меѓуградскиот такси превоз

-

Општината Штип на последната седница на Советот на Општината, донесе одлука за поскапување на меѓуградскиот автотакси превоз во Штип. Според новиот ценовник, еден километар возење е поскап за пет денари и сега чини 25 денари.

Оливера Блажева од Општината Штип, тврди дека цената на такси превозот не се зголемува.

– Само се воведува втора тарифа, меѓуградска и до градот Скопје, според законските одредби. Има измени во законот за превоз на патници во патен сообраќај, каде се наложува да се воведе меѓуградска тарифа. Според овие измени, Општината усвојува меѓуградска тарифа, која подразбира различна цена од градската. По вториот изминат километар, ќе се наплаќа 25 денари од километар, за разлика од градската, која е 20 денари од километар, изјави Блажева.

Ова подразбира дека такси компаниите можат да ги зголемат цените за превозот за возењето надвор од Штип.

На терен е малку поинаку. Таксистите кои редовно возат до Скопје и други линии до околните градови, велат дека кај нив цените остануваат исти. До Скопје е 300 денари во еден правец, со тоа што се вози со полн автомобил со други патници. Таксистите сметаат дека можностите на граѓаните се во рамките на оваа цена.

Бидејќи најчесто меѓуградскиот сообраќај е на релација Штип – Скопје, поради секојдневното патување на вработени, лекари специјализанти и други граѓани, надежите се во скорешното пуштање во употреба на автопатот Штип – Миладиновци.

Изградбата на патот е при крај и пуштањето во употреба се најавуваше по Нова Година. Од возењето по патот во изградба, таксистите проценуваат дека до Скопје ќе се патува за 45 минути.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...