fbpx

Општина Тетово една година не одговара на „Мајка и дете” за Локалниот акциски еколошки план

-

Невладината организација „Мајка и дете“ преку правото овозможено со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, речиси цела година бара од Општина Тетово увид во Локалниот акциски еколошки план (ЛЕАП) на општината. Но и покрај ветувањето на градоначалничката Теута Арифи дека ќе биде транспарентна, општината испратила само површен одговор а не тоа што е побарано од невладината организација, известува „Порталб“.

Барањето на „Мајка и дете“ било поднесено на 3 ноември минатата година, а од Општина Тетово  одговориле на 28 декември истата година, и тоа, како што велат, со цитат од општинскиот сајт, со таксативно набројување мерки.

Потоа, на 20 јануари годинава, претставници на  здружението „Мајка и дете“ имале средба со претставници од канцеларијата за животна средина кои им ветиле дека општината ќе објави нов ЛЕАП кој ќе биде посоодветен за Тетово. Иако се поминати 11 месеци од оваа средба, постојаните барања од „Мајка и дете“ до Општина Тетово се без одговор, пишува „Порталб“.

Елмедина Абдулаху од здружението вели дека од Општина Тетово воопшто не одговараат ниту на редовните пријави во „Е-репорт“.

– Постојано поднесуваме пријави во Е-репорт но во ниеден случај не видовме резултат. Исто е и со јавувањата на телефонските броеви – сме се обраќала, но состојбата и понатаму е иста – вели Абдулаху.

Слично искуство со Општина Тетово имал и „Порталб“, кога побарале обемна информација за Општинскиот инспекторат, но Општината одговорило кусо, на само многу мал дел од прашањата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...