Општина Охрид во соработка со Јавното претпријатие „Градски горобишта“, започна градежни активности за адаптација на тротоарите со цел да им се олесни движењето на лицата со инвалидитет.

Денеска, активностите се одвиваа на тротоарите што се наоѓаат на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“.

Предвидено е во наредниот период да се продолжи со адаптацијата, најпрвин да се опфатат по фреквентните улици, а подоцна и другите.