Општина Охрид започна со подготовка на планот за одржлива урбана мобилност, наречен ПОУМ, информираат од таму.

Во овој паметен вид на планирање, за разлика од традиционалниот пристап на планирање посебен акцент се става на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот.

„Овие активности се преземаат со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на јаглерод диоксид, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост. Во таа насока општина Охрид организира анкета која има за цел да го слушне предлогот на граѓаните. Анкетниот лист може да се пополни во електронска форма на веб страната на Општина Охрид“, се вели во соопштението.