fbpx

Општина Ѓорче Петров бара да не ѝ се верува на „Извесна Ивана“ која нарачувала храна и пијалоци во име на градоначалникот

-

Општина Ѓорче Петров преку соопштение за јавноста предупреди да не ѝ се верува на извесна Ивана, која во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала или се појавувала во угостителски објекти и порачувала храна и пијалоци, наводно за општината и градоначалникот, а потоа барала фактурите да се испратат на фирми што соработуваат со општинската администрација. Наводно, измамничката на угостителите дури им кажувала податоци што треба да ги внесат во фактурите.

„Најостро го осудуваме овој чин на измама и истовремено информираме дека Општина Ѓорче Петров нема склучено Договор за угостителски услуги и не врши набавка на угостителски услуги. Преземени се дејствија од страна на Општина Ѓорче Петров во однос на прибирање на сите докази и пријавување на случајот до надлежните органи“, се вели во соопштението.

Целосно оградувајќи се од ваквите постапки, Општина Ѓорче Петров апелира угостителите да бидат внимателни и да не дозволуваат да бидат измамени. Но, доколку тоа се случи, треба веднаш да ја контактираат општинската администрација на 02 20/44-411, или на [email protected], како и да го пријават случајот во полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...