Општина Гази Баба одбележува две години од поплавите

-

Општина Гази Баба, денеска ќе одбележи две години од природната катастрофа со поплави во кои загинаа 22 лица, од реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново, кога на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Одреден дел од лица ги загубија животите на скопската обиколница.

По тој повод градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, под мотото „Да не се заборави и никогаш да не се повтори“, вечерва на плоштадот во Стајковци ќе додели повеќе од 200 благодарници на институции, јавни претпријатија, фирми, здруженија, на граѓани и волонтери кои доброволно помогнаа за време на поплавите.

„На денот кога се навршуваат две години од катастрофалната поплава во Стајковци и околината за сите учесници кои придонеле на каков било начин во справувањето со поплавата, на симболичен начин првпат сакаме да им се оддолжиме давајќи благодарница за нивната помош и пожртвуваност“, соопштија од Општината.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнаа 92,9 литри на квадратен метар, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имаше повеќе од 800 громови.

Путин му честиташе на Трамп за победата на изборите, го нарече „храбар“

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. За време на широко обраќање на настан во градот Сочи, Путин го нарече...