Општина Центар и Црвен крст ќе обезбедат итна помош за повозрасните граѓани  

Општината во соработка со Црвениот крст обезбедува и бесплатен транспорт до болниците што можат да ја користат одредени категории жители

-

Општина Центар во соработка со Црвениот крст на град Скопје за своите повозрасни жители ќе обезбеди поддршка преку услугата „Итно копче“, со која ќе им овозможи на граѓаните над 65 години, во случај на итна потреба, да им се обезбеди итна помош во домашни услови, достапна секој ден 24 часа во текот на целата година.

Според градоначалникот Горан Герасимовски, Општината во соработка со Црвениот крст обезбедува и бесплатен транспорт до болниците што можат да ја користат одредени категории жители.

„Услугата е воведена од минатата година и се однесува на лица над 18 години. Лицата што користат ортопедско помагало инвалидски колички, дубаци или одалки како и граѓаните кои поради болест се во лежечка состојба односно неподвижни можат да користат бесплатен превоз до било која здравствена установа во Скопје”, посочи градоначалникот.

Герасимовски информира дека со Црвениот крст и здружението Хуманост се реализира и проектот „Центар се грижи за возрасните“ кој опфаќа 90 домаќинства и за кој можат да се пријават повозрасни граѓани на коишто им треба помош или нега во домот.

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по повод Велигден. Неговата...

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во...

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по...