Општина Бутел започна акција за донирање на стари компјутери за социјално загрозените семејства

Општина Бутел започнува акција за донирање на стари компјутери за оние семејства каде што немаат компјутери, а е потребно за децата ученици. Оттаму апелираат до граѓаните доколку имаат персонални комјутери кои не ги користат или на кои им е потребна поправка, или дополнителна инсталација (куќиште, монитор, тастаура, приклучоци и маус) да ги донираат во општината.

Потоа, Општина Бутел и ИТ секторот ќе ги оспособуваат технички донираните комјутери кои подоцна ќе ги поделат во општинските основни училишта на Бутел, каде што директорите на училиштата веќе имаат списоци со поднесено барања од родители кои не се во можност да ја следат наставата од овие причини.

„Доколку сите и единствено се вклучиме во акцијата ќе успееме да донираме компјутер за секој ученик од социјално загрозено семејство, каде има деца ученици од различни возрасни групи, а треба да следат електронска настава за различен степен на образование“ – велат од општината.