fbpx

Општина Арачиново под клуч поради „безбедосни причини“, Спасовски порача конфликтите да ги расчистат меѓусебно

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека се преземени мерки во согласност со насоките кои ги дало обвинителството и ќе бидат поднесени пријави. Но, тој порача и дека ваквите конфликти треба да се решат меѓусебно и не смеат негативно да се одразуваат на граѓаните

-

Откако завчера Министерството за внатрешни работи (МВР) го приведе 69-годишниот скопјанец Р.А., поради закани кон градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, општината денес ги заклучи вратите поради „безбедносни прчини“.

Според пријавата на Ибраими, додека тој не бил присутен во општинската зграда, Р.А. пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот, а во врска со предмет за доделување на користење на земјиште.

Оштинската информативната служба информираше дека од денес, па сè додека не се донесе нова одлука, управата во Арачиново нема да работи.

„Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но една ваква мерка е главно за безбедноста на вработените во општинската администрација, но и граѓаните кои се обраќаат до општината. Како што можевте да се информиравте и од медиумите, вторпат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот, па ваква одлука беше неизбежна“, соопштија од Општина Арачиново.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека веќе се преземени мерки во согласност со насоките кои ги даде Јавното обвинителство и ќе бидат поднесени пријави. Но, тој порача и дека ваквите конфликти треба да се решат меѓусебно и не смеат негативно да се одразуваат на граѓаните.

„Мислам дека тоа што се случува во Арачиново се работи кои мора да се расчистат меѓусебно, затоа што меѓусебните конфликти коишто ги имаат лица од иста политичка провиниенција и лица со исти интереси не смее негативно да се одразува на граѓаните, на работата на Општината, во смисла на функционирање и на потребите и остварување на потребите на граѓаните на Арачиново. Ние од наш аспект преземаме низа мерки кои значат да им помогнеме во овој дел, но тие ‘должничко-доверителски односи’, кои ги имаат внатре од секаков аспект со тоа што располагаме како полиција ќе мора да ги расчистат и да покажат дека приоритет се граѓаните на Арачиново“, рече Спасовски.

Тој истакна дека му е жал што Општината повторно се враќа во некое време во кое немаше никаква функционалност и не се решаваат ниту еден од проблемите кои се на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...