fbpx

Општина Аеродром се приклучува кон одбележувањето на светскиот ден за борба против насилство врз жените

-

Општина Аеродром се приклучува кон одбележувањето на светскиот ден за борба против насилство врз жените, 25 ноември, бидејќи секое развивање на свеста за одреден проблем е првиот чекор кон негово искоренување.

Обединетите нации овие 16 дена ги одбележуваат со портокалова боја, а мотото на кампањата за оваа година е „Обој го светот во портокалово за 16 дена“ („Orange the World in 16 Days“).

Она што во денешно време навистина загрижува е фактот дека дури 70 проценти од жените низ светот биле жртви на некаков вид насилство во текот на својот живот.

Светската здравствена организација истакнува дека насилството врз жените има долгорочни последици врз нивното психичко и физичко здравје. Жените кои живеат со насилен партнер почесто страдаат од депресија, прекумерно консумираат алкохол, почесто се соочуваат со несакана бременост и со абортус, како и со сексуално преносливи инфекции, меѓу кои и ХИВ.
За жал, случаи на семејно насилство и на насилство врз жените е присутно и во нашата земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...