fbpx

Општина Аеродром не кажува колку плаќа за осветлувањето на крстот

-

Општина Аеродром не открива колку месечно плаќа за струјата за осветлување на крстот кај Агенцијата за разузнавање и облакодерите на „Џевахир Холдинг“, известува Порталб.мк.

Новинската веб-страница од секторот за информирање на оваа општина добила одговор дека барањето треба да се поднесе врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по што „Порталб“ го направил токму тоа.

Одговорот од Општина Аеродром бил дека „не добиле конкретни прашања”.

„Во врска со вашето барање за податоците за тоа колку се плаќа за електрична енергија за осветлување на крстот, ве известуваме дека од секторот за финансии ни одговорија дека плаќањето електрична енергија за улично осветлување е збирна од повеќе фактури, или таканаречени групни фактури, па затоа не можеме да ви дадеме информација за вашето барање. Во врска со тоа колку  плаќаме ние како општина во текот на еден месец (бидејќи еден дел за осветлувањето на крстот се плаќа и на Град Скопје) се оценува дека прашањето не е конкретно и не е можно да се даде информација. Овој објект е изграден од приватен инвеститор, а одржувањето е оставено на општина Аеродром”, се истакнува во одговорот на општина Аеродром, од секторот за пристап да информации од јавен карактер.

Во 2016 година, Општина Аеродром објави оглас за осветлување на крстот, чија вредност изнесуваше 5,08 милиони денари без ДДВ, додека главен критериум за доделување на тендерот е најниската цена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...