Паметен телефон Oppo R5

Компанијата „Опо“ го преттсави својот прв 64-битен паметен телефон андроид, под име Oppo R5. Станува збор за апарат со алуминиумско куќиште, со дебелина од само 4,85 милиметри.

Телефонот доаѓа со 5,2-инчен екран AMOLED со резолуција Full HD, со густина на приказот од  423 пиксели на еден инч, а внатре се наоѓа 64-битен чип Qualcomm Snapdragon 615, кој доаѓа со осум процесорски јадра и се темели на архитектура Cortex-A53  (четирите јадра работат на такт од 2,1 гигахерци, додека останатите четири на такт од 1,5 гигахерци) и Adreno 405 GPU.

Паметен телефон Oppo  R5
Паметен телефон Oppo R5

Работната меморија изнесува 2 гигабајти, додека просторот за зачувување изнесува 16 гигабајти и не може да се прошири со мемориска микрокартичка. Задната камера е од 13 мегапиксели, со сензор со отворање на блендата F/2.0, Sony IMX214, додека предната камера е со пет пиксели.

Постои поддршка за безжична мрежа од типот 802.11n Wi-Fi, блутут и мрежа 4G LTE. Батеријата има снага од 2000 mAh.  Телефонот поседува и посебна заштита на чипот од преголемо загревање, а се состои од течен метал и од материјал со промена на фазата (PCM).

Засега нема информации кога новиот телефон ќе се најде во продажба, но се најавува цена од 499 американски долари.