fbpx

Опозицијата обвинува: Талески со години чува в.д. директор во ЈП „Нискоградба“

-

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески со години чува в.д. директори во јавните претпријатија, обвинува битолската опозиција.

Советничката Габриела Илиевска, од ВМРО-НП , на вчерашната седница на Советот на општината обвини дека во ЈП „Нискоградба“, директорот Кире Крстевски од 2014 година е вршител на должност, а ова самоволие во кривичниот законик се нарекува „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Талески во неколку наврати го крши членот 19 А од Законот за јавни претпријатија  без никакво дополнително објаснување. Од 31 октомври 2014 кога донел решение за в.д. директор, кое има важност не повеќе од 6 месеци , тој се до 10 март годинава не донел никакво друго решение. Сите активности на ова претпријатие во овој период се ставени под знак прашање – вели Илиевска и побара ревизија за целокупната состојба во ЈП „Нискоградба“.

За првиот човек на „Нискоградба“, Крстевски, градоначалникот има право да одлучува кој ќе биде директор на јавните претпријатија под општинска капа.

– Циркузијадата на СДСМ и нивните приврзоци продолжува. Според Законот за локална самоуправа градоначалникот извршил избор на директор на ЈП „Нискоградба„, во случајот тоа сум јас. И негово е правото кого ќе го избере на таа функција – ни изјави Крстевски.

Либералдемократите, пак, поставија неколку прашање сомневајќи се во законитоста на работата на ЈП „Нискоградба“.

– Дали е точно дека со цел да се прикрие загубата во работењето на ова претпријатие за 2013 година, на 31 декември се задолжил еден инкасант со 10 милиони денари, тие пари во 2014 биле сторнирани во два наврати.  Дали истата шема се користела и за наредната 2014 година –  праша од говорницата, советникот Александар Каспов.

Директорот Крстевски возврати дека претријатието бележи раст и финансиска стабилност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...