Опозицијата бара пописот да биде усогласен со стандардите на ЕУ

-

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска на прес-конференција во Собранието побара попис кој што би се одржувал по примерот на пописите кои што се одржуваат во сите членки на Европската унија.

„Тој попис ќе биде усогласен и ефективен за Република Македонија и ќе даде податоци кој што ќе бидат од полза за планирањето на идниот развој на државата. За жал граѓаните, а и ние повторно имаме чувство дека пописот се користи за политички цели и е предмет на политички калкулации помеѓу партнерите во владеачкото мнозинство. Како пример, видовме дека тоа не е добро и не сакаме да дозволиме да биде предмет на политички калкулации“, рече Димовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ бараат да се дефинира нешто што не е дефинирано во законот, а тоа е што е резидентно население, при што се бара да се применат дефинициите на Европската унија и „Еуростат“, онака како што се применуваат дефинициите во сите земји челнки на Европската унија.

„Исто така, бараме нешто што не е предвидено со законот воопшто за жал што за нас е многу чудно, пописот да се спроведува врз база на релевантни и точно набројани документи. Онака ккао што сега е предложено во Законот за попис, апсолутно граѓаните нема да имаат потреба да приложат било каков документ. Само со кажување на матичен број, свој или на комшија или на пријател или на некој што живее десет куќи од вас ќе може да го попишете тоа лице без да приложите било каква документација. Ние бараме да се приложи документација, дали тоа ќе биде лична карта, пасош или извод од матична книга на родени или нешто слично е предмет на разговор. Занчи да можат да се попишат они кои имаат релевантна документација“, додаде Димовски.

Тој посочи дека во законот не е предвидено кој за кого смее да дава податоци.

„Онака како што е напишано во законот практично јас или било кој од вас ќе може да даде податоци за цело едно маало. Никако не смее така факултативно секој да дава податоци за секого“, посочо меѓудругото Димовски.

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет...

Скопје ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година

Младинскиот образовен форум (МОФ) соопшти дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори...

Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Две новороденчиња - близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.   Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле...

Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари

Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става...

Пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце во должина од над 30 километри

Од денес во употреба е пуштена железничката пруга Куманово - Бељаковце, која е дел од Коридорот 8. Пругата со должина од 30,8 километри вклучува три нови железнички станици, шест...