Ноќта помеѓу 11 и 12 март во центарот на Штип гореше патнички автомобил „фолксваген венто“, а во полиција било пријавено утредента во 19 часот.

„На 12.03.2020 во 19.01 часот во СВР Штип, К.Н.(50) од Штип пријавил дека ноќта помеѓу 11 и 12 март настанал пожар во патнички автомобил „фолксваген венто“ паркиран на ул. Васил Доганџиски во Штип. Пожарот бил изгаснат. Увид извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот,“ соопшти СВР Штип.

Ова е 24-то возило што е опожарено од јануари 2019 година до сега. За 12 од нив има соменение дека пожарите се подметнати. За овие случаи техничкот министер Наќе Чувев неодамна изјави дека се дело на криминални активности, односно пресметка помеѓу криминални групи.