fbpx

Операторите веќе не смеат да пренесуваат програми што не се титлувани на македонски и на албански

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по спроведениот надзор во однос на понудата на преводи на странските програмски сервиси кои се реемитуваат во дигиталните пакети на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, констатирала дека кај одредени странски програмски сервиси, во опцијата за избор на превод, покрај македонскиот и албанскиот јазик, се понудени и опции за избор на други јазици.

Оттаму информираат дека во согласност со член 64 став 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, програмските сервиси што се реемитуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи мора да бидат титлувани на македонски јазик или на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија.

„Имајќи го ова предвид, Агенцијата им наложи на операторите веднаш да ги отстранат опциите со понудени преводи кои се спротивни на член 64 став 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во опцијата за избор на преводи во дигиталниот пакет, односно да останат само преводите на македонски и/или албански јазик. Агенцијата ќе врши набљудување во однос на почитување на издадениот налог за исклучување и доколку констатира дека не се постапува по истиот, во согласност со своите законски надлежности, ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка“, стои во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...