fbpx

Опаѓа бројот на туристи во хотелите на Попова Шапка со кои управува „ЕЛЕМ турс“

-

Од податоците за бројот на туристи кои престојувале во двата хотели со кои управува „ЕЛЕМ турс“, хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“, се гледа дека бројот на туристите во текот на годините е намален. Веќе е познато за јавноста, а е потврдено и од „ЕЛЕМ“, дека овие хотели со години работат со загуба, пишува „Порталб.мк“.

Овие бројки не можат да се споредат со годините пред управувањето од страна на „ЕЛЕМ“, бидејќи ниту Општина Тетово, ниту Заводот за статистика не воделе евиденција генерално за туристите кои ја посетувале Попова Шапка.


Малиот број на туристи придонесе компанијата која управува со овој ски-центар со години да работи со загуби. Од „ЕЛЕМ турс“ известуваат дека во однос на работењето со загуби во текот на изминатите години, тие и понатаму имаат потешкотии во работењето е дека функционираат во тешки економски услови. Вкупната акумулирана загуба изнесува 24 милиони евра.

Во Попова Шапка функционира и приватниот хотел „Скардус“, кој во сезоната 2018/2019 имал околу 3.000 туристи кои ноќевале во него.

„Трендот во бројот на туристи оваа година во Попова Шапка, во споредба со претходните, е таков што има зголемување на бројот на странски туристи, а намалување на бројот на домашни туристи“, велат од хотелот.

Според нив, главниот проблем што треба да се реши во Попова Шапка е несоодветната инфраструктура.

„Главниот проблем кој бара итни, ефикасни и долгорочни решенија е патната инфраструктура, паркинзите и производството на вештачки снег со што ќе би се овозможило туристичката сезона да започне порано и да трае подолго“, велат од таму.

Пред неколку дена, компанијата „Прајс Вотерхаус Куперс“ (Pricewaterhouse Coopers) која беше избрана од „ЕЛЕМ турс“ да ја спроведе финансиската анализа и физибилити студија со модел за приватно-јавно партнерство, како и предлог-модел за продажба. После тоа, се очекува да се дознае судбината на Попова Шапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...