fbpx

Опаѓа бројот на заболени од грип

-

Се намалува бројот на заболени лица од вирусот на грип во државава. Според официјалните податоци од Институтот за јавно здравје, ИЈЗ, регистрираниот број на заболени лица од грип и слично на грип, се намалува и е во рамките на средна активност. Во сезоната 2019/2020, вкупниот број на заболени изнесува 27.017.

„Процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор изнесува 48,1 отсто, што исто така укажува на намалување на активноста на вирусот на грип. Во позитивните примероци детектирани се и инфлуенца A и инфлуенца Б, а се очекува понатамошно намалување на активноста во текот на следните недели од сезоната“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Во 9-та недела од 2020 година, односно во периодот од 24 февруари до 1 март годинава биле пријавени вкупно 4.946 случаи на заболени од сезонски грип, што е намалување од 12,5 отсто во споредба со една недела претходно.

Бројот на болни, во споредба со истиот период од минатата сезона е поголем за 84,7 отсто, а во споредба со деветтите недели од изминатите 9 сезони, годинава има заболени за 2,2 пати повеќе.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, во текот на 9-та недела, пристигнале 79 материјали за тестирање на грип. Од нив, 38 или 48,1 отсто се позитивни на вирусот на инфлуенца, кај 17 или 44,7 отсто е детектиран типот А, а кај 21 или 55,3 отсто типот Б.

Најголем број заболени или 52 отсто, се од возрасната група од 15-64 години, додека највисок степен на нозаразени лица има кај децата на возраст од 5-14 години. Најмногу случаи на грип биле регистрирани во Скопје, 5.106, Струмица, 2.895, Кавадарци, 2.309, Велес, 2.276 и Куманово, 2.002 заболени лица.
Во текот на сезонава во државава се регистрирани вкупно 3 смртни случаи како последица на здравствени компликации поврзани со грип.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...