fbpx

ООН повика да се ограничи правото на вето во Советот за безбедност

-

Врховниот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ел Хусеин, го повика Советот за безбедност на ОН да го ограничи правото на вето на своите постојани членови за решавање на проблемот во Алепо.

– Цврсто верувам дека дојде време за силно раководење и за смели акции, а Советот за безбедност на ОН би требало без одложување да ги усвои критериумите за одвраќање на членовите од користењето на правото на вето, кога постојат сериозни проблеми, зашто можеби се извршени воени злосторства, злосторства против човештвото или геноцид – изјави комесарот.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Џон Кери, завчера телефонски ги разгледувале заедничките мерки за решавање на ситуацијата во Алепо.

Подоцна претставникот на американскиот Стејт департмент, Џон Кирби, изјави дека Вашингтон го прекинува учеството во билатералните канали за комуникација со Москва за ситуацијата во Сирија.

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин, изјави дека нема алтернатива на преговорите меѓу Русија и САД за решение на воениот судир во Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на...
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
download udemy paid course for free
download samsung firmware
Download WordPress Themes Free
download udemy paid course for free