fbpx

Онлајн платформа “iTop” за лесен пристап до туристички пакети во мрежата на СТЕП

-

Проектот за зајакнување на иновативен туризам во регионот Полог и Елбасан СТЕП , промоција на туризмот ќе креира платформа наречена „iTop“, која ќе им овозможи на туристите лесен пристап до туристичките пакети кои се нудат од мрежата на СТЕП во двата региона во Македонија и Албанија.

Флорент Бајрами, координатор на СТЕП за „Порталб“ вели дека онлајн-платформата ќе се реализира по создавањето на мрежа на туристички капацитети и по креирањето заеднички туристички пакети за  Полог и Елбасан.

– Активностите генерално се однесуваат на создавање мрежа од сите субјекти кои се занимаваат со туризам, како и со институции кои се занимаваат со оваа област. По воспоставувањето на мрежата, во која во моментов имаме 140 членови, на денешната работилница се планира да се создадат заеднички туристички пакети. Потоа ќе се отвори дигитална платформа „iTop“, каде што сите овие пакети ќе бидат промовирани, така што туристите ќе имаат полесен пристап до информации за тоа што точно се нуди. Исто така, предвидени се и обуки поврзани со видео маркетинг и маркетинг блок, кои ќе имаат одреден ментор кој ќе го следи процесот  – објаснува Бајрами.

Садик Абдурахими, професионален туристички водич, вели Шар планина има потреба од таква дигитална платформа за промоција. Тој истакнува дека голем број туристи од Балканот и Европа доаѓаат за да ги видат убавините на Шара, но нивниот број би бил уште поголем ако промоцијата се врши на иновативен начин.

– Јас учествувам во овој проект за да придонесам за подобра промоција на овие области. Има веќе неколку години како ги истражувам убавините на Шара и велам дека ни треба дигитална платформа. Мислам дека создавањето туристички пакети ќе им помогне на туристите не само од Балканот и Европа, туку и пошироко, да ја посетуваат нашата земја – вели Абдурахими.

Според Блерим Шаќири, претставник на туристичката агенција „Јета ер“ во овој проект, целта на сите активности што се одвиваат во рамки на проектот СТЕП е да се идентификуваат сите засегнати страни од областа на туризмот, заедно со делот од Елбасан, со цел мрежата да се развие во иднина и да се дојде до заеднички производи за промоција на туризмот во овој регион.

– Преку активностите на овој проект се обидовме да ги идентификуваме проблемите, да ги решиме овие проблеми и да создадеме иновативен начин за промоција на туризмот за странските туристи, за да тие можат да ги добијат вредностите, кои ние треба да им ги пренесеме  -рече Шаќири.

Инаку, проектот „СТЕП“ денеска одржува работна средба во хотелот „Скардус“ на Попова Шапка, Тетово.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, а партнери се Фондацијата „Метаморфозис“, Центарот за развој на Полошкиот регион и Советот на округот Елбасан. Во проектот учествуваат по 25 туристички субјекти и други ентитети коишто се занимаваат со туризам, од регионот на Полог и Елбасан (50 вкупно), за да работат на создавање туристички пакети, кои подоцна ќе бидат презентирани и на дигиталната платформа !iTор“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...