Интернет-петиција за оставка од членовите на ДИК поради бонусите

-

Повеќе од 1.600 граѓани досега се потпишале на интернет-петицијата со која се бара оставка од членовите на Државната изборна комисија поради бонусите што си ги доделиле без да ја информираат јавноста.

„Бараме оставка на деветте членови на Државната изборна комисија (ДИК) поради неетичко однесување и кршење на принципите за работа, објавени на веб-страницата на ДИК, кои меѓу другото гласат: ‘Постојано вршиме самоевалуирање затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа’“, се вели во петицијата.

Во неа се наведува дека платите на деветтемина членови на ДИК се движат меѓу 60.000 и 70.000 денари и дека во изминатите 18 месеци членовите на Комисијата трипати си доделиле вкупно 12 надоместоци за кои не ја информирале јавноста.

Случајот со бонусите на ДИК во јавноста го откри амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, кој во вторникот неделава изјави оти слушнал дека членовите на Државната изборна комисија зад затворени врати едногласно си изгласале да добијат четири дополнителни плати по завршувањето на локалните избори во октомври годинава.

Еден ден подоцна ДИК одржа седница на која членовите рекоа дека одлуката за исплата на надоместоци била донесена во согласност со Изборниот законик и со правилникот за работа, но поради притисокот од јавноста решија бонусите да ги донираат или да ги вратат во буџетот.

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...