Онлајн дебата „Медиумска писменост во акција“ – заложби за животната средина

Фото: Инстиут за комуникациски студии

Денес се одржа онлајн дебатата „Медиумска писменост во акција“ организирана од Институтот за комуникациски студии.

Модераторот на дебатата Катарина Топалова го отвори настанот за присутните дебатери и медиуми со истакнување на значењето што значи да бидеш медиумски писмен. Таа напомена дека писменоста означува да се умее да се чита и пишува додека медиумската писменост означува многу повеќе од тоа.

Целта на дебатата беше дискусија за луѓето кои помагаат во општеството преку своите заложби за околината во која живеат, односно резултатите на активистите од Демир Капија, Битола, Преспа, Струга, Скопје и Струмица и вклученоста на медиумите за нивната функција во изведување решенија за проблемите.

Прва која збоуваше беше Стефанија Соколовиќ која е член на спортското здружение „Клисура“ од Демир Капија. Таа ја образложи нивната постапка при која ги известиле медиумите за проблемот со демиркаписката клисура.

„Во нашиот проект партнер е Средното оштинско училиште Кирил и Методиј од Неготино. Се работи за проблемот кој се јави по изградбата на автопатската делница Демир капија-Смоквица каде беше оставена огромна количина на градежен материјал околу 400 метри. Недоволната информираност на граѓаните за случувањата и проблемот со кој се соочи клисурата беше доволен мотив да целиме кон зајанкување на влијанието на граѓанското општество кон решавање на овој проблем. Во текот на реализацијата на сите активности предвидени со проектот медиумите ни беа главна алатка за иницирање на промени во општеството.“, истакна Стефанија Соколовиќ.

Вториот говорник, професорката Марија-Магдалена Петровска во средното училиште
„Др. Јован Клаузи“ од Битола зборуваше за процесот на работа со учениците за промена на хигиената во Битола за која се задолжени други институции и луѓе.

„Потребно е да се фокусираме на решенијата пред проблемите. Сакав да ја поместам онаа рамка на луѓето и свесноста за да почне да ни смета ѓубрето. Вотрата цел беше да почнеме да реагираме на ова како на проблем. За да бидеме позитивен пример треба да тргнеме од себе и не смееме да дозволиме ништо да не обесхрабри за да направиме промена“, потенцираше Петровска.

Според Марија Евтимовска од „Еко Герила“ од Преспа, паметното користење на медиумските алатки им донело голем успех.

„Сите ја знаеме загрижувачката состојба со Преспанското езеро поради големата медиумска експонираност. Нашата цел беше да постигнеме активно работење на една компостара. Ние преку оваа иницијатива успеавме да го наметнеме моментот да се размислува да се покрене таа компостара“, нагласи Евтимовска.

Средношколците од Струга презеле три акции за чистење на градот.

„Во нашите акции го чистевме крајбрежието на нашето езеро, паркот на градот и акција за чистење во селото Лабуништа. Нашата активност ја прикажавме преку медиумите и социјалните мрежи што направи да да се зголеми свеста на населението кое живее во Северна Македонија“, рече Енис Доко, ученик и екоактивист од средното училиште „Нико Нестор“ од Струга.

Елена Тимова, екоактивистка и студентка на Фармацевтскиот факултет во Скопје ја претстави инцијативата во средното училиште „Св. Крил и Методиј“ од Неготино каде што лани таа била средношколка.

„Заедно со здружението „Ековита“ идејата беше да ги поттикнеме земјоделците да престанат да користат пестициди со цел да го заштитат својот лозов насад и наместо нив да користат феромонски стапици кои што се поевтина верзија и се погодни за подобар род. Медиумите беа навистина важна алатка при претставувањето на нашата иницјатива и би сакала да порачам до сите млади дека социјалните мрежи ни се алатка што освен за забава може да ја користиме за она што сакаме да го промовираме да стигне до поголем број на луѓе“, посочи Тимова.

Томе Тимов, професор во средното училиште „Димитар Влахов“ од Струмица рече дека како професори и активисти во невладиниот сектор тие работат со медиумите за полесно да дојдат до решение на проблемите и нивното допирање до јавноста.

„Јавноста е клучен фактор за да ги знае проблемите со кои се соочуваат земојделците и да се направи една добра едукација“, нагласи тој.

Овој настан се организира во рамки на иницијативата „Денови на медиумската писменост“ на Мрежата на медиумската писменост што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја организира трета година. Реализиран е од страна Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, а со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).