Проектот „Ново уме”, кој вчера и официјално беше промовиран им нуди шанса за младите од Македонија за на светот да му покажат некој свој талент и да добијат можност да го унапредат со паричен износ дo 2.500 евра.

Целната група се лица помеѓу 16 и 30 години и поседуваат талент од областа на науката, културата, уметноста или спортот.

„Сите млади кои сонуваат, на пример, да ја објават својата прва збирка песни или приказни, или да го набават својот прв професионален инструмент, или да отпатуваат на некое престижно спортско или танцувачко натпреварување, „Ново име” е права можност токму за нив“ велат претставниците на групацијата „Новоматик“ кои ја поддржуваат оваа платформа.

Младите кои ќе се пријават и ќе го претстават својот талент,  потоа со гласањето од публиката може да ја понесат титулата „Ново име”.