Онкологија добила донации од лекови од половина милион евра, кои никаде не се евидентирани

Клиниката располага со 35 доктори и 96 лица медицински персонал кои лани извршиле 104.196 здравствени услуги. Просечниот број на извршени услуги за одредени дијагностики надминува по 5 илјади прегледи годишно по специјалист, што доведува до преоптовареност на вработените, а нивниот број не е доволен за овој обем на работа

-

Државниот завод за ревизија извршил ревизија на финансиските извештаи на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија за 2023 година и утврдени се неправилности во спроведувањето на пописот на залихите и управувањето со истите, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во последниот извештај за работата на Клиниката, недостасува вредносно усогласување на сметководствената евиденција за лекови и материјали, а евидентирањето на приемот и издавањето на лековите од аптека до организационите единици се врши со задоцнување.

„Не се внесуваат податоци за вредноста на лековите преку донации. Во 2023 година Клиниката примила лекови како донации во вредност од 33 милиони денари по основ на донации но овие податоци не биле внесени вo финансиската евиденција“, пишува во извештајот.

Како што е наведено, во 2023 се применувале повеќе протоколи за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија била вклучена и биолошката, но за тоа не биле одобрени средства од Министерството за здравство.

„И покрај зголемувањето на одобрениот условен надоместок, тој не е доволен за вклучување на сите пациенти кои според медицинските индикации би можеле да ја примат терапијата односно одобрените средства се доволни за приклучување на само 34 отсто од пациентите кои примаат терапија во дневна болница“, се наведува во документот.

Клиниката е единствениот функционален центар на територија на државата кој дава услуги на пациенти од областа на радиотерапијата. Инсталирани и функционални се три линеарни акцелератори со кои според информациите од Клиниката се даваат услуги во просек од 180 до 200 пациенти дневно. Акцелераторот набавен во 2014 година за 2.900 илјади денари, се очекува да биде функционален до крајот на 2024 година. Другиот акцелератор кој е донација добиен во 2016 година, чија вредност е 1.715 илјади денари, се чува неотпакуван во царинско складиште за што годишно се плаќаат 189 илјади денари. Во 2024 година производителот соопштил дека поради застареност на компонентите и технологијата, и не гарантира компатибилност со новите онколошки софтвери.

„Во 2021 година, на Клиниката имало 15.892 пациенти, во 2022 – 16.935, а во 2023 година има 17.196 онколошки пациенти. Растот се должи и на тоа што речиси сите пациенти бараат услуги на клиниката. Клиниката располага со 35 доктори и 96 лица и останат медицински персонал кои лани извршиле 104.196 здравствени услуги. Просечниот број на извршени услуги за одредени дијагностики надминува по 5 илјади прегледи годишно по специјалист, што доведува до преоптовареност на вработените а нивниот број не е доволен за овој обем на работа“, потенцирано е во извештајот на ДЗР.

Нема зголемување на платите на функционерите, одлучи Владата

Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите, преку интервенција во коефициентите за пресметка...

[Интервју] Фидиас Панајоту: Како млади да ја преземеме иднината во свои раце, подобро од возрасните разбираме како се развива светот

Порталб.мк подготви поинакво интервју од Европскиот парламент во Стразбур, каде разговараше со најинтересните европратеници. Еден од нив има 24 години и доаѓа од Кипар. Тој е инфлуенсер и јутјубер со над...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Нема зголемување на платите на функционерите, одлучи Владата

Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите, преку интервенција во коефициентите...