fbpx

ОН не повикуваат на декриминализација на сите сексуални дејствија, вклучително и меѓу возрасни и деца

ОН соработувале со Меѓународната комисија на правници во извештајот кој повикува на пристап заснован на човековите права кон кривичното право. Не се бара декриминализација на возрасните кои имаат секс со малолетници.

-

ОН соработувале со Меѓународната комисија на правници во извештајот кој повикува на пристап заснован на човековите права кон кривичното право. Не се бара декриминализација на возрасните кои имаат секс со малолетници. Експертите велат дека упатствата треба да се применуваат на консензуален секс меѓу адолесценти на слична возраст, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук шири дезинформации во врска со документ објавен во март од страна на Меѓународната комисија на правници со поддршка на Обединетите нации. Во постот лажно се тврди дека ОН предложиле декриминализација на возрасните кои имаат секс со деца.

Извештајот на ОН повикува на декриминализација на сите сексуални дејствија, вклучително и меѓу возрасни и деца.
Новиот извештај на ОН повикува на декриминализирање на сите форми на употреба на дрога и сексуална активност ширум светот.‼️
Напишан од Меѓународниот комитет на правници (МСП), УНАИДС и Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (ОХХР), извештајот беше објавен на Меѓународниот ден на жената, со цел да се води „примената на меѓународното право за човекови права врз криминалците . закон“. Наречен „Принципи на 8 март“, извештајот бара да се декриминализираат злосторствата поврзани со „секс, употреба на дрога, ХИВ, сексуално и репродуктивно здравје, бездомништво и сиромаштија“.
Експертите на ОН велат дека криминализирањето на злосторствата поврзани со овие прашања е напад врз човековите права, стои во објавата која ја анализираме.

Извештајот со наслов: „Принципите од 8 март за пристап заснован на човекови права кон кривичното право за пропишување на однесување поврзано со секс, репродукција, употреба на дрога, ХИВ, бездомништво и сиромаштија“, нуди правна рамка и совет за примена на кривичните закони за однесувања поврзани со секс и здравје, вклучително и „консензуални сексуални активности“.

Документот е направен како одговор на состанокот во 2018 година помеѓу МСП, Заедничката програма на Обединетите нации за ХИВ и СИДА (УНАИДС) и канцеларијата за човекови права на ОН. Напишан е од МСП, а не од ОН, потврдиле од УНАИДС за АФП.

Во соопштението од 20 април, Меѓународната комисија на правници (МСП) ги отфрли тврдењата што циркулираат на интернет.

Посветеноста на Обединетите нации за борба против сексуалната експлоатација на децата и содржината на Принципите од 8 март подоцна беа сериозно погрешно претставени на голем број социјални медиуми и веб-страници. Принципите од 8 март не повикуваат на декриминализација на сексот со деца, ниту пак бараат укинување на домашно пропишаната минимална возраст за согласност за секс. Навистина, МСП нагласува дека државите имаат јасна обврска според меѓународното право да ги заштитат децаta од сите форми на злоупотреба, вклучувајќи и криминализација на таквото однесување, велат од МСП.

Еден дел од документот вели дека консензуалното сексуално однесување никогаш не треба да се криминализира, без оглед на факторите како што се видот на сексуалната активност или полот,  сексуалната ориентација или брачниот статус на вклучените лица.

Во однос на спроведувањето на кривичниот закон, секоја пропишана минимална возраст за согласност за секс мора да се применува на недискриминаторски начин. Извршувањето не смее да биде поврзано со родот/полот на учесниците или возраста на согласност за брак. Покрај тоа, сексуалното однесување кое вклучува лица под домашно пропишаната минимална возраст за согласност за секс може да биде всушност консензуално, ако не во законот. Во овој контекст, спроведувањето на кривичното право треба да ги одразува правата и капацитетот на лицата под 18-годишна возраст да донесуваат одлуки за вклучување во консензуално сексуално однесување и нивното право да бидат сослушани за прашања што се однесуваат на нив, се додава во соопштението на МСП.

Делот има врска со консензуална сексуална активност меѓу адолесценти на слична возраст, вели Кристин Стеглинг, заменик извршен директор за политика, застапување и знаење во УНАИДС во изјава за АФП.

Во примената на законот, се признава дека кривичните санкции не се соодветни против адолесценти на слична возраст за консензуална неексплоататорска сексуална активност. Исто така, признаено е дека адолесцентите не треба да бидат спречени да пристапат до здравствени услуги кои ги штитат. ОН се решителни во борбата против сексуалната експлоатација на децата, поддржуваат дека сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца е кривично дело и ги поддржуваат земјите да ги заштитат деца, изјавила Стеглинг.

Бриџит Аримонд, професорка по право и директорка на Програмата LLM за меѓународни човекови права на Правниот факултет на Универзитетот Нортвестерн, во изјава за Политфакт, исто така, потврдува дека извештајот на ОН не повикува на декриминализација на сите сексуални дејствија, вклучително и меѓу возрасни и деца.

Аримонд толкува дека јазикот се однесува на луѓе на слична возраст – можеби 18-годишник и 17-годишник – ангажирани во консензуален секс што можеби технички не е легален на некои места ако помладата личност била под возраста за согласност.

Законите за возраста на согласност во САД варираат во зависност од државата, со опсег од 16 до 18 години, како и стандардите за законски обвиненија за силување, нагласува Политфакт во својата анализа.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека ОН соработувале со Меѓународната комисија на правници во извештајот кој повикува на пристап заснован на човековите права кон кривичното право. Не се бара декриминализација на возрасните кои имаат секс со малолетници. Експертите велат дека упатствата треба да се применуваат на консензуален секс меѓу адолесценти на слична возраст. Според тоа, оценуваме дека на постот му недостига контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...