Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) предупреди дека можно е Израел да предизвикува „уништување на палестинското население“ во северна Газа „преку смрт и раселување“ со својата најнова воена кампања таму, пренесува Гардијан.
ОХЦХР вели дека од 6 октомври досега, преку својата офанзива, Израелските одбранбени сили (ИДФ) го направија животот за граѓаните во северна Газа „невозможен“, многу од кои веќе се соочува со глад. ИДФ наредуваат да се евакуираат, а истовремено спречува добра да стигнат до северниот дел на појасот.
Дополнително, поради тоа што Израел продолжил „немилосрдно“ да ја бомбардира областа, ОХЦХР соопшти дека е „екстремно опасно“ граѓаните во регионот да ги следат израелски наредби за раселување. Дополнително, на многу Палестинци им е страв дека доколку сега ги напуштат своите домови, нема да им биде никогаш дозволен повторен влез. Телото на ОН соопшти дека добило известувања дека одредени цивили биле намерно таргетирани.
Израел нападна две од трите главни болници во областа, кои веќе беа оштетени во претходните напади. ИДФ исто така бомбардирале училишта кои служат како засолништа за раселените луѓе. ОХЦХР соопшти дека многу од загинатите во овие напади се жени и деца.
Изјавата на телото на ОН заврши со потсетување на Израел за привремените мерки наложени од Меѓународниот суд на правдата во јануари, според кои Израел мора да се погрижи да не изврши акти на геноцид во Газа. Дополнително потсети дека како окупаторска сила, Израел има должност да обезбеди храна, лекови и засолниште за населението.