fbpx

ОН: Бегалската криза е глобален проблем кој бара глобално решение

-

Бегалците и барателите на азил се глобален феномен кој бара одговор на глобално ниво, изјавил за „Би-би-си“ високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (ОН), Филипо Гранди.

Гранди, кој должноста висок комесар за бегалци ја презеде во јануари годинава, вели дека повеќе земји треба да им помогнат на неколку држави кои го носат товарот од бегалската криза и дека „затвореноста и одвраќањето на луѓето не функционира“.

Според Гранди, фактот што сириски државјани пристигнуваат во Источна Азија и на Карабите покажува дека бегалската криза станала глобален проблем кој бара решение на глобално ниво.

„Ова мора да се прошири повеќе, мора да се споделува повеќе, инаку ќе придизвика несакани последици, затвореност, отфрленост и, на крајот, потфрлање во нашата одговорност да им помогнеме на бегалците“, вели Гранди за „Би-би-си“.

Високиот комесар за бегалци на ОН вели дека товарот на бегалската криза досега го носат само неколку земји кои згрижиле стотици илјади бегалци, како и седум-осум донатори, кои даваат 80 до 90 отсто од финансиската помош за справување со кризата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...