fbpx

Оланд ѝ порача на Турција: Во ЕУ нема место за земји со смртна казна

-

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека најголем приоритет на Европа се безбедноста и одбраната.

– Во рамки на новиот поттик за изградба на Европа, најголеми приоритети се заштитата, одбраната и сигурноста на нашите граници – рече Оланд на заедничката прес-конференција во Лисабон со португалскиот претседател Марсел Ребел де Соса.

Пет дена по терористичкиот напад во Ница, францускиот претседател денеска во Лисабон рече дека е подготвен да ја продолжи вонредната состојба за шест месеци.

Оланд ја предупреди Турција дека не може да воведе смртна казна, како што навести претседателот Реџеп Таип Ердоган по неуспешниот државен удар.

– Земја која сака да воспостави врски со ЕУ и да почне пристапни преговори, не може да воведе смртна казна во својот закон – рече Оланд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...