fbpx

Околу 300 војници ангажирани во гасење на пожарите, пристигна и помошта од Словенија

-

Армијата на Република Северна Македонија и по прогласувањето на кризната состојба ќе продолжи да го ангажира својот човечки и материјален потенцијал во гаснењето на пожарите. Околу 300 војници веќе се вклучени во гасење на пожарите, од кои во моментов повеќе од 200 припадници се во реонот на Делчево и Пехчево, додека останатите се ангажирани во реоните на Валандово, Старо Нагоричане и Плетвар, информираат од Генералштабот на АРМ.

„Во непрекината комуникација и координација со надлежните од регионалните Центри за Управување со Кризи, локалните самоуправи и сите други инволвирани субјекти во справувањето со пожарите се ангажира потребен персонал и средства од речиси сите гарнизони на Армијата“, се вели во соопштението на Генералштабот.

Покрај веќе ангажираните 200 припадници на критичните локации претходниве денови, во тек на вчерашниот и денешниот ден се приклучија уште стотина колеги, а по потреба и согласно побарувањата ќе се приклучуваат и армиски припадници кои непрекинато се наоѓаат во целосна подготвеност за ангажирање.

„Хеликоптерите МИ-8/17 од составот на воздухопловниот ВИНГ максимално ги користат расположивите ресурси кои ги овозможуваат техничките можности на леталата и стриктните летачки безбедносни процедури, при што во досегашниот период имаат направено повеќе од 100 лета и исфрлено повеќе од 200 тони вода на локациите на кои се побаруваше од Центарот за Управување со Кризи како надлежен за координација на активностите“, информираат од Генералштабот.

Инаку, од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека утрово на граничниот премин „Табановце“ пристигнал конвојот на тимот за заштита од пожари од Словенија, кои веднаш се упатија на гаснење на пожарот кај Пехчево. Словенечкиот тим ќе помогне во справување со тамошниот шумски пожар, при што конвојот вклучува 11 противпожарни возила, транспортни возила, 45 лица, команда, ИТ експерти и медицинска екипа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...