Околу 180.000 граѓани чекаат да примат прва доза вакцина, ќе се покријат со „Фајзер“, „Синовак“ и „Астра Зенека“

-

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека околу 180.000 македонски граѓани во моментов се наоѓаат на список и чекаат за да примат прва доза вакцина против ковид-19. На новинарското прашање дека нема доволно вакцини за аплицирање на прва доза за пријавените граѓани, тој рече дека веќе ги уфрлиле во системот 10.000-те вакцини од „Фајзер/Бионтек“ коишто пристигнаа во земјава во понеделникот.

Во однос на 500.000 дози од кинеските вакцини „Синовак“, министерот Филипче рече дека утрово стигнала информацијата дека земјава може да ја очекува оваа пратка да стигне во следните 7 дена. Како и првите количини на вакцини од „Синофарм“, и вакцините на „Синовак“ ќе пристигнат во претходно пакувани шприцеви, што треба да ја забрза процедурата за вакцинација на заинтересираните граѓани.

И покрај малата резерва околу датумот, Филипче сепак рече оти верува дека кинеските вакцини ќе пристигнат наредните 7 дена. Заедно со планираните 70.000 дози на вакцини од „Астра Зенека“ кои ќе пристигнат деновиве како донација од Грција и Бугарија, Филипче се надева дека моменталната состојба со мал број вакцинирани со прва доза ќе се смени целосно во следните 7 до 10 дена.

Во однос на руската вакцина „Спутник В“, Филипче рече дека во неговата комуникација со рускиот амбасадор апсолутно нема никаква промена во односите по протерувањето на рускиот дипломат од земјава. Филипче рече дека амбасадорот на Руската Федерација му рекол дека се очекува доцнење на испораката на количеството руски вакцини, којашто требаше да се случи до крајот на мај.

Министерот за здравство се надева дека сликата со бројот на вакцинирани лица целосно ќе се смени до крајот на јуни.

„Во еден момент, кога ќе се исцрпат од списокот сите граѓани од пријавените, веројатно пунктовите ќе работат и отворено, без закажувања“, изјави Филипче.

Тој додаде следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се одржи пред 15 јуни, а дотогаш тие ќе работат заедно со организаторите на разни настани (концерти и сл.) кои се планираат да се организираат летните месеци, за да се изработат соодветните протоколи за заштита од ковид-19.

Доколку продолжат ниските бројки на новозаболени лица од ковид-19, Филипче смета дека по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки. Првата е укинување на полицискиот час низ целата земја, а второто е давањето препорака за организирање на настани (концерти и сл.).

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...