Околу 16.000 тутунопроизводители ги добија парите за ланската реколта

Вкупно се исплатени над 26,3 милиони евра на сметките на речиси 16.000 тутунопроизводители

-

Субвенциите за тутунот од реколтата за 2022 година денеска се исплатени на околу 16.000 тутунопроизводители, на нивните сметки се префрлени вкупно 26,3 милиони евра, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

„Во услови на најголема криза, државата обезбеди највисока рекордна цена на тутунот и дополнителна субвенција, со што оваа година имаме рекордни резултати во производството на тутун. Ова се пари, кои значат директна поддршка за тутунопроизводителите, пари кои ќе можат да ги реинвестираат и се најголемата исплата на пари за тутун досега“, рече премиерот.

Тој кажа дека во рок од еден месец биле откупени околу 90 отсто од вкупно договорената количина тутун, што укажува дека оваа реколта има добар квалитет на тутунот. За реколтата 2022 година биле склучени 29.429 договори што е за околу 6 отсто повеќе од лани. За оваа реколта 2023, бројот на склучени договори е зголемен на 30.610 договори.

Откупот на тутунот стартувал со повисока просечна откупна цена од речиси 30 отсто, споредено со 2021 година. Според податоците од инспекторатот, од реколта 2022 година се откупени вкупно 20.880 тони суров тутун во лист со просечна откупна цена од 288,10 ден./кг, што е зголемување за 45 отсто во однос на реколта 2021 година.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...