fbpx

Околу 113 милиони Европејци страдаат поради преголема бучава

-

Секој петти Европеец е „загаден“ од бучава, нешто што би требало во наредните години да стане уште поголем проблем поради растечкиот сообраќаен метеж и урбанизацијата, објави денеска Европската агенција за околина, ЕЕА.

Во соопштението на Агенцијата стои дека моментално долгорочно на повисоки степени на бучава од сообраќајот, во Европа се изложени околу 113 милиони граѓани.

Забрзаната стапка на урбан пораст значи дека е се поголем бројот на лицата изложени на висок степен на бучава, и покрај напорите за нејзино регулирање, стои во извештајот на ЕЕА, со наслов Environmental Noise in Europe – 2020.

Бројот на жителите на Европа кои се изложени на висок степен на разна бучава главно не е променет меѓу 2012 и 2017 година, што значи дека Европа веројатно нема намера да ја намали „загаденоста“ од бучава во 2020 година на нивото кое го препорачува СЗО, Светската здравствена организација (WHO).

Сообраќајниот метеж, како што се наведува, е главниот извор на големата бучава во европските градови, а секој ден речиси 70 милиони Европејци само поради метежот во сообрќајот се изложени на степен на бучава од над 55 децибели. Според препорака на СТО, за квалитетен сон преку ноќ, постојаната бучава не би требало да премине 30 децибели, а одделните други бучави, 45 децибели.

После уличниот промет, другите извори на прекумерна бучава се железничкиот и авионскиот сообраќај, индустријата и рекреативните активности. Бучавата од железничкиот сообраќај погодува околу 22 милиони лица додека околу 4 милиони се изложени на висок степен на бучава од авионите, стои во  соопштението на Агенцијата со седиште во Копенхаген. Бројни жители во градските средини се исложени на бучава и во текот на ноќта, а на здравјето на околу 20 милиони жители влијае штетно токму бучавата од уличниот промет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...