fbpx

ОЈО Скопје назначи јавен обвинител за контакт за предмети поврзани со безбедноста на новинарите

-

Гаврил Бубевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје ја назначи обвинителката Искра Хаџи Василева како лице за контакт во врска со предметите поврзани со безбедноста на новинарите, кои се во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје, соопшти Здружението на новинари на Македонија.

Како што велат од таму, одлуката била донесена врз основа на заклучоците од состанокот на Бубевски со претставници на ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), што се одржа на 27.05.2022 година.

„ЗНМ со години наназад постојано работи на кампањи за кревање на свеста за состојбата на новинарите и медиумските работници каде што акцентот е ставен безбедноста на новинарите како и на проблемот со неказнивост на напаѓачите. Токму заради овие причини, една од препораките на ЗНМ до ОЈО Скопје беше формирање на посебно одделение со цел да се зголеми безбедноста на новинарите. Сето ова е во согласност со препораките на Совет на Европа со крајна цел – да се иницираат системски промени за подобрување на моменталната состојба“, соопшти ЗНМ.

Јавната обвинителка Хаџи Василева има надлежност да го следи постапувањето во предметите во кои во својство на оштетени, сведоци или пријавени лица се јавуваат новинари кои ги извршувале своите работни задачи.

Во одлуката се вели дека ОЈО Скопје и останатите јавни обвинителства ќе даваат приоритет во постапувањето по предметите поврзани со безбедноста на новинарите и ќе продолжат во оваа насока да ја унапредуваат соработката со новинарските здруженија, со цел да се санкционира секое кривично-правно загрозување на слободата на изразување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...