fbpx

ОЈО: Притворени седум лица за насилствата во Собранието

-

Основното јавно обвинителство вечерва соопшти дека седум лица од петнаесетте осомничени за насилствата во Собранието се лишени од слобода. Од осомничените, за 14 е определена мерка притвор, а за едно лице предложени се мерки за претпазливост.

„Основното јавно обвинителство – Скопје, по прибирање на релевантен доказен материјал, за петнаесеттемина инволвирани во нередите кај Собранието на Република Македонија првично почна постапка поради постоење основан сомнеж дека сториле кривично дело – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, од член 384 од Кривичниот законик. Во моментов, седум од лицата се лишени од слобода. Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за 14 од осомничените предложи до судија на претходна постапка да им биде определена мерка притвор. За едно лице е предложено определување мерки на претпазливост“, се вели во соопштението.

Од Обвинителство информираат дека истрагата продолжува во насока на целосно расветлување на кривично-правниот настан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...