ОЈО: Поднесено обвинение за жителот на Грчец кој ѝ се закануваше на новинарката Бехадини

МВР го идентификуваше сторителот на кривичното дело, за кое согласно Кривичниот законик е предвидена затворска казна од една до пет години, информира ОЈО

-

Заканите кон новинарката Рита Бехадини, кои на „Фејсбук“ лани ги упати 31 годишен жител на Грчец според членовите 144 од Кривичниот законик, стасаа на ред во Основното јавно обвинителство (ОЈО). Оттаму информираат дека доставиле обвинителен предлог против лицето, за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот сериозно ѝ се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело, за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради нејзиниот општествен статус како новинарка, а во врска со вршењето на нејзините професионални задачи кои ги презела во рамките на своите овластувања“, наведено е во соопштението на Обвинителството.

Како што оттаму информираат, со намера да ја вознемири и исплаши, тој упатувал заканувачки пораки кон новинарката преку лажен профил, барајќи од неа да избрише текст што го напишала и објавила, со што кај оштетената предизвикал чувство на загрозување, несигурност и страв.

„По издадени наредби на јавен обвинител, МВР го идентификуваше сторителот на кривичното дело, за кое согласно Кривичниот законик е предвидена затворска казна од една до пет години. Со ова, од вкупно пет регистрирани напади врз новинари и медиумски работници во текот на 2023 година за кои алармираше Здружението на новинари на Македонија, во три случаи сторителот е идентификуван и е поведена постапка. Од нив, во два предмети, врз основа на поднесените обвиненија, веќе е изречена и пресуда против сторителите на кривичното дело“, се додава во соопштението.

За овој случај лани реагираше и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Оттаму побараа итна реакција за експлицитните закани и потсетија дека е издаден Протокол за безбедност на новинарките на интернет, кој содржи чекори за тоа, како да постапуваат новинарите кога ќе се соочат со закана на Интернет.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...