fbpx

ОЈО: Не го вештачевме мобилниот на Крпач, поради јаката заштита

-

Од сите докази што ги поседуваме, можеме да потврдиме дека Коста Крпач се самоубил, но сега истражуваме што го натерало да посегне по својот живот, брифираат од Основното обвинителство.

Како што велат од ОЈО, биле испитани 19 лица, од кои 10 службеници од МВР кои биле на местото на истрагата на денот на самоубиството. Од ОЈО го обвинуваат Специјалното јавно обвинителство дека сè уште не им го доставило записникот со исказите на Крпач дека одредени лица му се заканувале.

– СЈО самото извести дека Коста Крпач трпел закани. Ако сето тоа е вистина, тоа обвинителство морало да направи записник. Сè што бараме е тој записник да ни го достават за да можеме да го склопиме мозаикот – тврдат од Обвинителството.

Како што брифираат оттаму, откако на 6 април годинава бил извршен претрес во домот на Крпач, следниот ден тој се пријавил како сведок во СЈО. Од тој ден на Крпач му се сменило расположението, а за тоа потврдуваат и повеќемина сведоци кои ги испитувал надлежниот обвинител.

Од ОЈО велат дека се обиделе, но не можеле да го вештачат мобилниот на Крпач, затоа што телефонот „сони“ имал лозинка што ниту стручните лица не можеле да ја пробијат.

– Крпач пукал и надвор од станот, но засега е непознато кон кого и поради што. Затоа уште еднаш бараме од СЈО да ни го достави записникот за да можеме да го комплетираме случајот – велат од Основното јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...