fbpx

ОЈО: Кривична пријава за две лица од Битола за говорот на омраза во Крушево

-

Основното јавно обвинителство Прилеп презема дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин камен, информираат од ОЈО.

„Во обвинителството е пристигната кривична пријава поднесена од МВР – СВР Битола, против две лица и други непознати лица а за сторено кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик“, велат од ОЈО.

Со кривичната пријава на двајцата осомничени, жители на Битола, заедно со засега се уште непознати лица, им се става на товар дека за време на прославата употребувале говор на омраза кој бил забележан на видео запис и емитуван на една од националните телевизии.

Од ОЈО додаваат дека надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп во континуитет презема дејствија за да го расчисти кривично правниот настан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...