ОЈО ќе ја одзема документацијата од правно лице од Велес за изградбата на модуларната болница во Тетово

-

Основното јавно обвинителство (ОЈО) информира дека петтемина обвинители поднеле барање за пружање помош во кривична постапка до Основно јавно обвинителство во Велес, за од правно лице од Велес да се одземе целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница во Тетово.

Од ОЈО денеска соопштија дека е донесена писмена наредба до Министерството за здравство на Република Северна Македонија за предавање на целокупната документација по однос на градбата на модуларната болница при Клиничката болница во Тетово. За таа цел испратени се истражители од Основното јавно обвинителство во Тетово до надлежното министерство, заради подигнување на целокупната документација која ќе биде предмет на разгледување и анализа.

„Побарано е да се обезбедат податоци во врска со лицето кое било одговорно за раководење со изградбата, лицето кое имало овластување за надзор при градбата на истата, да се достави извештај дали е извршен технички прием и доколку е извршен – кој го извршил и кои лица ја изготвиле техничката спецификација за јавната набавка за Модуларните болници изградени во Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Инаку, од велешката компанија „Брако“, која го доби тендерот за изградба на модуларните болници низ земјата, пред неколку денови излегоа со соопштение, во кое ги отфрлија обвиненијата за неквалитетна изработка на овие објекти. Од „Брако“ потенцираа дека оној дел од работите кои биле нивна одговорност при изградбата се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет.

Од ОЈО со денешното соопштение информираа дека е доставена наредба до Клиничката болница во Тетово за доставување на податоци во насока да се утврди дали Клиничка болница во Тетово има изготвено Елаборат за складирање на хемикалии и горива, како и генератори при прекин на струја, како и да се достави Планот за електрична инсталација на Модуларната болница.

„Издадена е писмена наредба до ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, да се достави Планот – елаборат на системот за снабдување со кислород со доводи, цевки и приклучоци за Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово. До „ЕВН Македонија“- КЕЦ-Тетово издадена е писмена наредба за доставување на елаборат за снабдување со електрична енергија, односно Планот за целокупната електрична инсталација за Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Од ОЈО доставиле и писмена наредба да бидат обезбедени снимките објавени на социјалните мрежи, со акцент за обезбедување на снимките во текот на пожарот, да се достават службени белешки или евентуално записници за обавените разговори на критичниот ден, обезбедување листа на членови на семејствата, како и на починатите лица, како и од пациентите болни од Ковид-19 кои биле евакуирани.

„По прибирање на потребните податоци, лицата ќе се сослушаат во Основно јавно обвинителство во Тетово и ќе биде подготвен посебен извештај во врска со првопристигнатите полициски службеници, во смисла на тоа дали презеле некои дејствија на кршење на прозори, врати или ѕидови или во внатрешните простории, дали некое полициско лице било присутно на лице-место, за начинот на кој е известено во СВР-Тетово за настанатиот пожар, како и од кого биле известени“, соопштуваат од ОЈО.

Исто така, ОЈО издале и наредба за градежно вештачење до Градежен институт „Македонија“, за да се подигнат примероци од опожарениот вграден градежен материјал од самото место на настанот – под, таван, ѕидови, прозори, врати, изолација и слично од Модуларната болница, со цел да се испита и да се образложи од каков материјал се изработени, каков материјал е вграден во Модуларната болница во Тетово и да се преземат и други потребни дејствија, кои се во насока на утврдување на составот на градежните материјали.

Основното јавно обвинителство во Тетово во соработка со Основното јавно обвинителство во Скопје, презема дејствија и активности со цел да се утврди дали и какви мерки на противпожарна заштита се применети во Модуларната болница во Тетово од пуштањето во употреба до денот на настанување на пожарот.

Притоа, донесена е писмена наредба со цел да се прибават и сите протоколи за начинот на работа, како на Модуларната болница, така и на ЈЗУ Клиничка болница во Тетово.

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...