ОЈО: Истрага за Кумановец кој држел големо количество забрането оружје близу Арачиново

Покрај коловозната лента, до пластичен столб за светлосна сигнализација означен со лименка, полицијата пронашла пушкомитралез, десетина автоматски пушки, рамки и поголем број куршуми кои на граѓаните им се забранети и за чие поседување цивилни лица не можат да добијат дозвола

-

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 29 годишен жител на Куманово, кој заедно со други засега непознати лица, во канал покрај локалниот пат меѓу селата Орланци и Никуштак криеле поголемо количество огнено оружје и муниција.

Како што информира Обвинителството, полицијата, на 18 декември, покрај коловозната лента до пластичен столб за светлосна сигнализација означен со лименка, пронашла пушкомитралез, десетина автоматски пушки, рамки и поголем број куршуми кои на граѓаните им се забранети и за чие поседување цивилни лица не можат да добијат дозвола.

„Со дополнителни истражни дејствија по наредба на јавен обвинител откриени се материјални траги кои даваат основано сомнение дека токму овој осомничен и уште неколку други лица на чија прецизна идентификација се работи, недозволено го држеле оружјето на наведената локација. Со ова осомничениот сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото“, соопштува ОЈО.

Потврда дека постои опасност осомничениот да се обиде да го избегнува кривичниот прогон е фактот што тој бил лишен од слобода на 29 декември на граничниот премин Долно Блаце при обид да излезе од државата.

„Исто така, обезбедените материјални траги упатуваат дека тој имал соучесници, па осомничениот би можел да влијае врз нив доколку се брани од слобода. Судот го прифати ваквото образложение на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, се додава во соопштението.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...