54 годишник, во двор од куќа во Велес неовластено, за продажба, држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања, информира Основното јавно обвинителство.
„Донесена е наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик“, наведено е во соопштението.
Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.