fbpx

Охридско Езеро порибено со 300.000 пастрмки

-

Охридско Езеро денеска беше порибено со 300.000 единки подмладок охридска пастрмка. Годинива, како што информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, во Охрид, се издвоени 7,5 милиони денари за процесот на изловување, одгледување и на порибување, со околу 2,4 милиони пастрмки.

– Порибувањето од репроцентарот во Хидробиолошкиот завод почнува со 300.000 единки пуштени денеска на локалитетот Вирче, а ќе продолжи до целосна реализација во текот на овој месец. Во тек се и активностите за изведување и за порибување и на струшкиот дел на езерото од мрестилиштето кај Шум, кои се очекува исто така да завршат до крајот на септември – истакна Цветков.

Тој најави дека и на албанската страна се преземаат одредени активности, но сè уште заостануваат во однос на она што се прави на македонскиот дел од езерото.

Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод во Охрид, рече дека податоците од терен укажуваат на подобрување на состојбата со фондот на охридска пастрмка во езерото.

Откако Охридското Езеро во 2012 година доби концесионер, рибокрадството е намалено во значителна мера, тврди Ристе Танасоски од „Пастркма 2012“, фирмата што стопанисува со езерото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...