fbpx

Охридско Езеро и неговото крајбрежје се чистат од отпад

-

Активностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење за заштита на  животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато на почетокот на акцијата за чистење на Охридското Езеро и на неговото крајбрежје, поддржана од Делегацијата на Европската Унија, како дел од акцијата „Чисто, како дома исто“.

Градоначалникот, Константин Георгиевски даде директна поддршка и заедно со   нуркачите од клубот за подводни дејности „Охрид“ нурна во езерските води од каде се вадеше отпад.

„Ваквите акции се чекор напред во напорите, управувањето со отпад во нашата земја да се прилагоди на барањата на Европската унија со цел да се воспостави систем на интегрално управување со отпад. Станува збор за комплициран проблем кој бара добри организациски капацитети и соработка помеѓу бројни страни во приватниот и јавен сектор“, рече Георгиевски пред почетокот на акцијата.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар и Даниела Нелепа од Македонската асоцијација за  цврст отпад, укажаа на суштината на акцијата за чистење на езерото и крајбрежјето и за слични активности кои се алка во низата која ќе не поврзе со европското семејство.

„Ги повикуваме и општините да земат учество за наградата Европска општина на годината која им се доделува на оние општини кои се најангажирани во одржувањето на чиста животна средина“, изјави Жбогар.

Настанот е во организација на Македонската Асоцијација за цврст отпад (МаСВА), поддржана од Делегацијата на ЕУ, Општина Охрид, ЈП „Охридски комуналец“ и колективниот постапувач „Нула Отпад ДОО- Скопје“.

Во црквата Света Софија во Охрид свечено ќе биде отворена конференцијата „Комуникација за управување со отпад“. На работниот дел што ќе се одржува во Струга ќе учевствуваат претставници на меѓународни организации, интернационални експерти, на централната и локалните власти и специјализирани компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Клуч на врата за 14 училишта во државата за само една година

Вкупно 14 училишта во Македонија се затвориле во период од само една учебна година, покажуваат најновите бројки за бројот на училишта, паралелки и ученици, кои денеска ги објави Државниот...