Охридскиот совет решава за седумте бесправно изградени објекти во „Градиште“

-

Членовите на Советот на општина Охрид денеска на седница, меѓу другите точки на дневниот ред, треба да расправаат и за  легализација на седум бесправно изградени објекти во Авто кампот „Градиште“.

Од здружението на граѓани „Оревче“, побараа oтфрлање на предлог-одлуките за легализација на бесправно изградени објекти во авто кампот. Станува збор за околу стотина семејства од Пештани, инаку сопственици на 100.000 квадратни метри од кампот „Градиште“, кои со децении водат правна битка за враќање на нивните национализирани имоти.

Ѓоре Танески претседател на „Оревче“ вели дека со ставањето на оваа точка на дневен ред се прави обид да се искористи правниот вакуум за да извлечат полза сопствениците на нелегалните објекти.

-Не сакаме легализација на објектите. Законот е дециден. Со донесување на законот за денационалзиција во 2000 година во член 72 стои дека со имотот во постапка со денационализација не треба да се стопанисува и да не се преземаат активности. Тие немаат одобрение за градба и втор пат користат вакум да ги легализираат – порачува Танески.

Од Министерството за финансии предлагаат обештетување на наследниците на имотите во автокампот Градиште по 275 денари за квадратен метар за атрактивно земјиште, кое е проценето дека има вредност од 12.000 денари по квадратен метар.

Од „Оревче“ се децидни дека нема да дозволат некој да им го одземе имотот кој еднаш веќе им бил одземен на нивните предци. Најавија дека ќе присуствуваатна денешната седница на Советот на општина Охрид.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...